Пази - ќе се вози по пругата Куманово-Бељаковце!

Bez autora
Oct 10 2012

ЈП МЖ Инфраструктура информира дека заради подготвителни работи за реконструкција на железничката линија на делницата Куманово-Бељаковце помеѓу станиците Куманово и Шупљи Камен, ќе има сообраќај на железнички шински возила, односно пругата ќе биде во сообраќај. Инаку, железничката линија на потегот од Коридорот 8 помеѓу Куманово- Бељаковце не е во функција веќе 20 години. Со цел да се зголеми безбедноста на пругата се известува месното население кое гравитира во областа на железничката линија да се запознае со новонастанатата ситуација и да ги почитува прописите за преминување на пругата и движење покрај неа. Изградбата на железницата од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар треба да почне на почетокот на следната година за што веќе е обезбеден кредит од Европската банка за обнова и развој во износ од 46,4 милиони евра.

Пази - ќе се вози по пругата Куманово-Бељаковце!ЈП МЖ Инфраструктура информира дека заради подготвителни работи за реконструкција на железничката линија на делницата Куманово-Бељаковце помеѓу станиците Куманово и Шупљи Камен, ќе има сообраќај на железнички шински возила, односно пругата ќе биде во сообраќај.

Инаку, железничката линија на потегот од Коридорот 8 помеѓу Куманово- Бељаковце не е во функција веќе 20 години.

- Со цел да се зголеми безбедноста на пругата се известува месното население кое гравитира во областа на железничката линија да се запознае со новонастанатата ситуација и да ги почитува прописите за преминување на пругата и движење покрај неа - се вели во соопштението од МЖ Инфраструктура.

Изградбата на железницата од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар треба да почне на почетокот на следната година за што веќе е обезбеден кредит од Европската банка за обнова и развој во износ од 46,4 милиони евра. Реконструкцијата на пругата Куманово-Бељаковце е прва од трите планирани фази за целосно завршување на источниот дел од Коридорот 8, од Куманово до граница со Бугарија, во должи на од 89 километри.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik